Како да го забавите создавањето на бели влакна?
Белите влакна се краен показател на стареењето, а околу половина од 50-годишниците имаат барем 50% бели влакна во косата. Луѓето се обидуваат да ги прикријат со помош на фарба, но постои и полесен начин.
Докажано е дека со редовно конзумирање на млада пченица може да се забави целокупниот процес на стареење. Таа ја подмладува вашата ожа, го чисти вашето тело од отрови, ја затегнува опуштената кожа, а се верува дека може да го уништи и карциномот.
Традиционалната кинеска медицина ја поврзува пигментацијата на косата со квалитетот на крвта во бубрезите. Според неа, белата коса укажува на слаби бубрези и крв повеќе отколку на стареење.
Доктор Ерп Томас, познатиот научен истражувач, изјавил дека 7 килограми пченична трева е еквивалентно на 150 килограми морков, зелена салата и целер.
Пченичната трева овозможува огромна заштита против многу болести. Антиканцерогениот ефект хлорофил е најмоќен во оваа намирница од било кој продукт.