Како да го исчистите организмот за само еден ден?

Лимон диета

Детоксикација или чистење на организмот е многу важен процес кој треба да го правите од време на време. Еве како тоа да го направите само за еден ден и тоа со помош на лимони.

Кога ќе станете, пред да конзумирате било што, испијте една чаша лимонада.

Доручек (половина час откако ќе станете): овошна салата. Може да се состои од јагоди, боровници, малини, капини и цреши или јаболка, круши, безмастен јогурт и една рака несолени и непржени бадеми.

Утринска ужина: чаша лимонада, една банана и една рака семки од сончоглед.

Ручек: Салата од грав или леќа со прелив од лимон, маслиново масло и оцет.

Попладневна ужина: чаша лимонада, салата од краставици, ротквици и целер или една рака сушено овошје.

Вечера: Риба на скара со прелив од сок од лимон и зеленчук готвен на пареа.

Еден час пред спиење: чаша топла лимонада.

НАПОМЕНА: Лимон диетата практикувајте ја еднаш месечно.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.