Бесплатна промена на пол

Хирург од Белград ќе врши промена на полот на сметка на Фондот

На Универзитетската Клиника за детска хирургија ќе почнат да се вршат интервенции за промена на полот, за што е ангажиран проф. д-р Мирослав Ѓорѓевиќ од Белград.

Знам дека докторот веќе бил во контакт со едно лице кое е заинтересирано за оваа операција, изјави денеска министерот за здравство, Венко Филипче, кој присуствуваше на Национална конференција за „Унапредување на правата на ЛГБТ заедницата во Северна Македонија“, организирана од Министерството за труд и социјална политика и во соработка со Советот на Европа и по повод првата Парада на гордоста што ќе се одржи задутре во Скопје.

Министерот Филипче нагласи дека операциите за промена на полот отсега ќе бидат на товар на Фондот за здравство, а нема да се плаќаат приватно како досега.

На Универзитетската Клиника за урологија ќе биде отворен и оддел за реконструктивна урологија и андрологија.

Кога ќе се изврши првата операција за промена на полот на скопските клиники, зависи од обврските на д-р Ѓорѓевиќ и секако од подготвеноста на пациентот, кој треба да прима и хормонска терапија.

Коментари

коментари