Јадете зелен зеленчук и бидете здрави!
Витаминот К учествува како коензим во карбоксилацијата на глутаминската киселина во прекурзорите на факторите на коагулација. Всушност тие имаат способност да ги врзат јоните на калциумот и да учествуваат во згрутчувањето на крвта.
Најголем природен извор на витаминот К1 е зелениот лиснат зеленчук, како што е: спанаќот, зелката, кељот, прокељот, карфиолот, брокулата. Го има и во кивите, во некои растителни масла, најмногу во сојиното масло, а две лажички магданос содржат дури 153 % од дневните потреби на организмот.
Значајни количини на витаминот К2 има во месото, јајцата и млечните производи.