Епидемија на морбили повеќе нема, но опасноста демне од Косово и Албанија!

Нема повеќе епидемија на морбили во Гази Баба. Здравствените власти ја одјавиле бидејќи на 16 октомври бил регистриран последниот заболен. Беа регистрирани 19 случаи со мали сипаници од кои повеќето мали деца кои не биле вакцинирани со МРП. Дополнителните анализи направени во лабораторија во Луксембург покажале дека заразата во Македонија е увезена од Косово бидејќи типот на морбили бил идентичен како кај заразените во Албанија и кај нашиот северен сосед.

-Додека траеше епидемијата во Гази Баба, беа вакцинирани околу 15 000 лица од кои најголем број со прва доза од вакцината. Беа преземени сите неоходни мерки а вакцинирањето се уште трае, вели др. Јованка Костовска од Министерство за здравство

Епидемија нема но опасноста се уште демне, предупредуваат надлежните. Велат дека се уште има голем број на случаи со морбили во Косово а дополнителна закана се и претстојните новогодишни и божиќни празници кога многумина патуваат надвор од земјата.

-Постои опасност и затоа мора да бидеме подготвени и уште на старт да бидат рпеземни сите неопходни мерки за да не дојде до ширење на заболувањето, вели др. Костовска

Оваа епидемија според надлежните заврши со мал број на заболени. Во 2009 имаше околу 900 тини случаи а 2014 сто заразени со мали сипаници.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.