Деветти хуманитарен пикник на “Алкалоид” – Милион и двесте илјади денари донирани на “О2 Иницијатива”

На деветтиот по ред хуманитарен пикник беа собрани милион и двесте илјади денари во Фондацијата „Трајче Мукаетов“ кои ги донираа вработените во „Алкалоид“ АД Скопје, членовите на нивните семејства и нивните пријатели, за што добија специјално дизајнирана маичка. Средствата ќе бидат донирани за граѓанското здружение „О2 Иницијатива“.

– По деветти пат вработените во „Алкалоид“, нивните пријатели и роднини ја покажуваат својата свесност, потреба да помагаат, да донираат и да најдат форма како може да се помага на заедницата. Оваа година со акламација беше донесена одлука средствата кои ги собравме во износ од милион и двесте илјади денари да ги донираме на граѓанското организација „О2 Иницијатива“, рече Мукаетов.

Најголем предизвик за сите нас, посочи, е здравата животна средина, воздухот што ни треба, затоа што нашето мото е „Здравјето пред се“.

– За мене и за сите здравјето е приоритет, кој е врзан за жал и со квалитетот на воздухот, кој го дишеме. Сакаме да ја подигнеме свеста за здравата околина, затоа што сметаме дека така ќе се подобри и квалитетот на животот во нашата држава, додаде Мукаетов.

Претставничката и една од основачите на граѓанското здружение „О2 Иницијатива“, Ели Пешева се заблагодари за донацијата и рече дека проблем не е само загадениот воздух, туку и загадената почва, водите…

– Значи во сите сегменти имаме огромно загадување кое влијае на здравјето на сите нас, пред се на здравјето на нашите деца. Имаме толку убава држава и потенцијал во неа кој може да се искористи. Нашата идеја е да работиме на подигнување на јавната свест, но истовремено преку нашите акции да ги мотивираме и поттикнуваме и институциите и генерално државата за да го сфати овој проблем посериозно и да оставиме една здрава, чиста и убава држава на идните генерации, додаде Пешева.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.