Децата треба да одат боси на плажа
Се повеќе деца се со рамни стапала и се помалку родители се подготвени да ги пуштат да одат боси. Стручњаците тврдат дека одењето боси е добро од повеќе причини. Тоа е корисно за табаните, а со тоа и за кичмата и правилно држење на телото.
Ги зајакнува муслулите на стапалата и нозете и го подобрува движењето а со тоа и можноста од повреди.
Повеќе пати е научно докажано дека одењето боси ја зголемува силата и во потколениците и овозможува подобра перцепција на движење низ просторот, што влијае на самодовербата.
Децата се поспретни во спорт, полесно одржуваат рамнотежа, успешно се качуваат, чекорите им се усогласени.
Летото е идеално за одење по песок и каменчиња.