Дете од Африка излекувано од ХИВ

На интернационална конференција во Париз, тим научници презентирале детали од извонреден развој кој би можел да ги подобри третманите за ХИВ.

Се работи за 9 годишно дете од Јужна Африка кое било инфицирано со ХИВ при раѓањето и кое веднаш по тоа добило третман поради кој што сега е слободно од било какви симптоми или активни знаци на вирусот без никаков понатамошен третман.

Од ХИВ вирусот се заболени над 36.7 милиони луѓе ширум светот и е еден од најсмртоносните вируси на денешницата. Oткога е откриен, одзел над 35 милиони животи.

Овој нов случај ја зајакнува надежта дека третирањето на децата инфицирани со ХИВ во краток период кој започнува додека се новороденчиња ќе ги поштеди од терапиите кои траат цел живот и кои оставаат последици врз долгорочната активација на имунолошкиот систем.

Иако докторите детектирале минијатурни фракции на имунолошки клетки кои сè уште го имаат вирусот интегриран во нив, имунолошкиот систем на детето е комплетно здрав и нема никаков знак за ХИВ инфекција.

Детето било дел од тестирање финансирано од NIAID во 2007-ма за третирање на новороденчиња со ХИВ. Научниците и докторите сè уште не можат да разберат зошто и како третманот кој траел 40 недели и кој истовремено бил даван и на 142 други деца, токму кај ова дете чиј идентитет се чува во тајност, профункционирал.

Тие не веруваат дека само антиретровиралната терапија може да доведе до ремисија, туку дека причините се или генетски или поврзани со нешто специфично во неговиот имунолошки систем.

Со понатамошно студирање на детето, би требало да се дојде до поголемо разбирање како имунолошкиот систем ја контролира репликацијата на ХИВ вирусот.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.