Дали знаете дека недостигот на сон влијае на мозокот!
Група научници од Канада изработија досега најголема студија во светот за ефектите од недостиг на сон врз мозокот.
Тим од Универзитетот „Вестерн“ во Онтарио бараше од доброволци ширум светот да се пријават на олајн когнитивен тест, врз чија основа се гледа влијанието од недостигот на сон врз помнењето и на способноста за концентрација.
– Изгледа едноставно, но ви ја покренува сивата маса. Мора да ги спојувате зборовите со бои иако зборот сина стои во црвената боја и сл. Потоа оди кон покомплексна вежба, изјави медицинскиот работник Хоман Гањави кој учествува во студијата.
Првата група го правеле тестот до четири наутро, а потоа можеле да спијат четири часа. Потоа повторно го работеле когнитивниот тест утрото. Најголемиот број од нив имале многу полоши резултати од претходната ноќ, а само една жена во групата остварила подобри резултати.
Потоа го правеле тестот под МРИ скенер, кој го следел протокот на крвта кога спиеле доволно и кога не спиеле доволно. На снимката се гледа дека многу помал дел од мозокот работи кога луѓето спијат помалку, отколку кога спијат седум до осум часа.
– Ова е многу помала активност во фронталниот и париеталниот засек, подрачја кои се круцијални за донесување на одлуки, решавањето на проблеми и помнењето, изјави професор Едријан Овен.
Тој истакнува дека токму поради тоа опасно е да се вози изморен бидејќи реакциите се успорени.
– Недостигот на сон има и длабоки ефекти врз донесувањето одлуки и треба да се избегнува донесување на важни одлуки во моменти кога не сме наспани, како што е купување на куќа, согласност за брак и слично, потенцира тој.