Дали вежбањето подеднакво ги смирува и мажите и жените?

Девојките кои редовно вежбаат телесни вежби, помалку се впуштаат во насилно однесување, се наведува во ново истражување.

Истражувањето е презентирано на годишниот состанок на Педијатриско академско здружение во Вашингтон. Во текот на истражувањето, кое почнало во 2008 година, анкетирани се 1.312 ученици во четири средни училишта во Њујорк.

Учениците биле прашани колку често вежбаат, колку стомачни вежби прават во текот на вежбањето и колку траело нивното најдолго трчање во изминатите четири недели, како и тоа дали се занимавале со некој тимски спорт во последните години. Исто така, учениците биле прашани дали носеле оружје во изминатите 30 дена, дали имале некоја физичка пресметка во последната година, како и тоа дали биле членови на некоја банда.

Резултатите покажале дека тие девојки кои редовно вежбаат имаат многу помали склоности кон насилно однесување.

Интересно е дека физичките вежби, воопшто не влијаат на машките испитаници во овој поглед, покажало истражувањето. Но, истражувачите додаваат дека тоа сепак не може да се земе здраво за готово, сметајќи дека голем број од нив не сакале да одговорат на некои прашања.

– Ова истражување е само почеток, но покажа дека редовните физички вежби влијаат на намалено насилничко однесување. Треба и понатаму да се истражува, рече главниот автор на оваа студија Ное Ромо.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.