Дали тироидната жлезда работи како што треба?

Симптоми што откриваат дали имате проблем

Тироидната жлезда можеби не е најголемиот орган во нашето тело, но има големо влијание на здравјето на целиот организам. Хормоните на тироидата се главни регулатори на организмот и се клучни за одржување на сите процеси кои се одвиваат во сите органи и ткива.

Ова се некои од симптомите кои можат да укажуваат на проблемите со тироидната жлезда:

Промени во тежината: За хипертиреозата карактеристични симптоми се губитокот на тежината или зголемениот апетит. Ако забележите забрзано губење на килограмите или сте се здебелиле, а не јадете премногу, можеби е време да поразговарате со лекар.

Сува кожа: Тироидната жлезда произведува важни хормони во телото, а кога нивоата на тие хормони ќе станат премногу ниски (хипотиреоза), сè останато почнува да функционира забавено – а бидејќи хормоните на тироидната жлезда имаат рецептори на кожата и играат улога во обезбедувањето на надоместувањето на новите клетки за време на проблемот на излачувањето на хормоните, кожата станува сува и дехидрирана.

Замор: Штитната жлезда го контролира не само нивото на енергијата, туку и активноста на метаболизмот и имунитетот. Проблемите со тироидната жлезда не се невообичаени, а се вбројуваат меѓу двете главни болести поради кои се појавува заморот.

Губиток на косата: Во овој случај не станува збор за губиток на неколку влакна туку за забележителен губиток на косата. Студиите покажале дека состојбата која се нарекува Alopecia areata, е состојба која се карактеризира со губиток на косата на еден или повеќе кружни делови на темето.
Функцијата на дигестивниот тракт се менува: Ако „трчате“ во тоалет повеќе од вообичаено, прво ќе помислите дека сте изеле нешто лошо. Никому напамет не би му паднало дека оваа состојба има врска со тироидната жлезда, но тие важни хормони можат да влијаат и на состојбата на варењето и да го забрзат или забават работењето на дигестивниот тракт. Премалку хормони на тироидната жлезда може да резултира со запек, а премногу со дијареа.

Тажни сте и анксиозни: Неактивната тироидна жлезда може да се поврза со депресијата, бидејќи недостатокот на хормоните на тироидата предизвикува забавување на целиот систем, па и на тој начин да предизвика лошо расположение.

Проблеми со коските: Додека повеќето луѓе проблемите поврзани со коските почнуваат да ги забележуваат со годините, преактивната тироидна жлезда може да го зголемува ризикот од остеопороза.

Нередовни менструации: Тироидната жлезда ги контролира и влијае на останатите хормони во телото, па и оние на репродуктивниот систем што може да предизвика нередовни менструации.

Тешко контролирање на крвниот притисок: Токму како и со остатокот на организмот, тироидната жлезда може да влијае и на крвниот притисок – ако е преактивна, притисокот може да ви биде исклучително висок, а ако е помалку активна, веројатно ве мачи низок притисок.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.