Дали дебелината е поопасна од пушењето?

Дека дебелината го скратува животот бидејќи може да доведе до мозочен удар и други болести повеќе не е нова вест, но едно ново истражување покажува дека екстремната дебелина е повеќе штетна отколку пушењето, пренесува RTL.

Анализата објавена во списанието PLOS Medicine е најголемо истражување некогаш спроведено за ефектите од екстремната дебелина на смртноста. Тоа покажало дека луѓето кои се екстремно дебели, што значи околу 45кг повеќе отколку просечната висина умираат 6,5-13,7 години порано од нивните врсници со нормална тежина.

Истражувањето е засновано на податоци од 20 големи истражувања на испитаници во САД, Шведска и Австралија. Објавено е во време кога дебелината е голем здравствен проблем и во светот речиси триесет проценти од луѓето, или 2,1 милијарди се дебели или во категоријата на прекумерна тежина.

“Прекумерна тежина” е дефинирана како индекс на телесна маса 25 до 29,9. Овој индекс, по англискиот БМИ се пресметува кога тежината во килограми се дели со квадратот на висината во метри. Описно тоа би било 68 килограми на висина од 165 см.

“Дебелината” значи БМИ од 30 или повеќе, или 82 кг на 165 см.

Истражувањето ги обработувало податоците за десет илјади возрасни исклучително дебели лица и 304.000 лица со нормална тежина.

Во групата на исклучително дебели ризик од смрт се зголемувал со зголемување на БМИ, и најчести причини биле срцеви заболувања, рак и дијабетес.

Луѓето со индекс на телесна маса 40-44,9 во просек губеле 6,5 години од животот. Оние чиј БМИ е 45-49,9 изгубиле 8,9 години, оние со индекс 50-54,9 изгубиле 9,8 години, а оние со индекс 55-59,9 умирале13,7 години порано. За споредба кај лицата со нормална тежина кои се пушачи губеле 8,9 години од животот.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.