Дали бракот позитивно влијае на здравјето?
Новите истражувања велат дека бракот е добар за здравјето и го поврзуваат со здравјето на срцето.
Истражувањето, во кое учествувале околу милиони возрасни Британци кои имале висок крвен притисок, холестерол и дијабетис, покажало дека вашиот сакан сопружник може да ве поттикне подобро да се грижите за себе.
Др. Паул Картер и неговите колеги ги претставија резултатите од ова истражување на конференцијата на Британското кардиоваскуларно здружение. Потенцирале дека бракот помага во спречување на големи фактори со ризик од срцеви болести, вклучувајќи го холестеролот и високиот крвен притисок.
„Мажите и жените во 50-тите, 60-тите и 70-тите години кои имаат висок холестерол, дијабетис или висок крвен притисок имаат 16 отсто поголема веројатност за преживување од луѓето кои се сами” – наведено е во студијата.
Истражувањето не се однесува на разведени луѓе и вдовици. Исто така, истражувачите не тестирале дали лицата кои учествувале во истражувањето биле во среќни бракови.
„Не велиме дека сите треба да бидат во брак. Мораме да ги реплицираме позитивните ефекти од бракот бидејќи на ист начин можат да се користат во пријателските врски, семејството и на социјалните мрежи за поддршка” – рече др. Картер.
Доктор Мајк Кнаптон порача дека ако имате некој фактор на ризик од срцеви болести, повикајте ги своите сакани да ви помогнат.