Дали ако често јадеме овошје ќе жививееме подолго?
Јадењето овошје седум пати на ден или повеќе е здраво и го продолжува животот, тврдат истражувачи од британски универзитет. Резултатите по анализата на 65.226 мажи и жени покажа дека луѓето кои јадат повеќе овошје и зеленчук – тие се поздрави, а морталитетот бил намален во речиси сите возрасни групи . Исто така, истражувачите тврдат дека јадењето овошје седум пати на ден го намалува ризикот од рак и срцеви заболувања.
Научниците велат дека промените во животниот стил со откажување на цигарите и алкохолот можат да доведат до намалување на смртноста а не само потрошувачката на овошје и зеленчук.
Истражувачите утврдиле дека процентот на смртност е намален за 14 проценти ако луѓето јадат една до три порции овошје и зеленчук дневно , 29 проценти ако консумираат овошје три до пет пати , до 36 проценти ако јадат овошје седум пати и 42 проценти ако се консумира овошје седум или повеќе пати на ден .