Ако ги имате овие симптоми треба да си ја проверете тироидната жлезда!

Проблемите со тироидната жлезда се многу чести кај новороденчињата, децата во развој и кај жените, особено во периодот после 40-та година. Доколку овој проблем не се воочи навремено, може да предизвика сериозни здравствени нарушувања.

СИМПТОМИ КОИ УКАЖУВААТ НА НАРУШУВАЊА НА ТИРОИДНАТА ФУНКЦИЈА:

Нагли промени во телесната тежина
Оток во пределот на вратот
Промени во пулсот
Промени во расположението и енергијата
Опаѓање на косата
Промени во телесната температура
Во случај на неплодност кај жената
Кај новороденчињата, бидејќи нарушената работа на тироидата може да доведе до ретардираност
Кај децата со нарушен раст и развој
Ако веќе се лекувате од болести на тироидната жлезда и сте на терапија со синтетски антитироидни лекови или со тироксин (Т4)
Ако сте на некаква терапија со лекови кои можат да предизвикаат промени на функцијата на тироидеата
Ако имате нетироидно автоимуно заболување
Ако имате повеќе од 40 години
Ако патите од несоница или анксиозност
При промени на кожата
При покачени маснотии и ензими на црниот дроб
Превентивна контрола за канцер на тироида

Заради ризиците кои ги носат нарушување на тироидната жлезда, многу е важно тие да се детектираат што е можно поскоро, со што пософистицирана опрема и реагенси.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.