Дедото на починатата Тамара од Велес денеска на суд – Се сомничи за обид за убиство на поранешниот министер Тодоров

Денеска продолжува судскиот процес против дедото на починатата Тамара од Велес, кој одговара за обид за убиство на поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров.

Како што беше побарано на претходното рочиште, пред Судот треба да бидат приложени нови психијатриски вештачења што ќе ги направи ЈЗУ „Психијатриска болница – Скопје“ и од кои треба да се утврди дали обвинетиот бил пресметлив кога го извршувал кривичното дело.

Дедото на Тамара, на 1 јуни минатата година пукаше во поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров, откако почина неговата внука Тамара чекајќи операција во странство. Го чекаше пред влезот во министерството кога требаше да биде примопредавањето на функцијата со Таравари. Тој е обвинет за обид за убиство и недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи.

Стојановски поради постоење опасност од бегство и опасност од повторување на кривичното дело е во притвор.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.