Пациенти со шизофренија оставени без терапија!

Пациенти со шизофренија повеќе од две недели биле оставени без неопходната терапија. Во амбулантите на психијатриската болница во Бардоци ја немало инекцијата халоперидол и лекарите им кажувале на пациентите да си ја купат приватно. До телевизија Сител реагираа неколку семејства кои имаат членови со оваа дијагноза, објаснувајќи дека ваквата состојба е недозволена за овие пациенти.

-Телоп..Мојот сопруг овој месец не ја доби инекцијата бидејќи иако јас ја купив приватно од аптека, тој не сака да ја прими дома. Научен е да му биде дадена во ординацијата на лекарот. Мене ми е страв дека може да дојде до влошување на неговата состојба бидејќи ако редовно не ја зема терапијата ќе добие халуцинации и станува агресивен, а овие лица можат и да избегаат од своите домови и за нивно враќање мора да бараме и полиција и Брза Помош што е дополнителен стрес за целото семесјтво, револтирано реагира сопруга на лице со шизофренија.

Проблемот за недостигот на инекциите биле тендерските процедури. Директорот на болницата за настанатата ситуација не сакаше да зборува пред камера, но во телефонски разговор за Сител вели дека имало жалби од две фирми кои конкурирале на тендерот и морале да ја почекаат постапката до крај. Сега извршиле набавка и вели дека лекот ќе го има во амбулантите. Во последните пет години ова е прв пат пациентите со шизофренија да останат без лекови.

Стенд уп…Според информации на Сител околу 1000 лица, 15 дена биле без инекцијата халоперидол. Засега е неизвесно дали ваква ситуација може да се повтори и во иднина, или надлежните ќе најдат соодветно решение за редовна терапија, имајќи во предвид дека станува збор за чуствителна група на пациенти.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.