Зошто е добро пред спиење да ставите ракија на косата!
Љубителите на добрата ракија го знаат она чувство на оган во образите откако ќе испијат една чаша, како и честото непријатно руменило. За сето тоа можете да се заблагодариме на фактот што ракијата ја поттикнува циркулацијата, па како таква може да биде одличен сојузник кога се работи за убавината. Се што треба е да се нанесе на кожата на главата. Постапката е многу едноставна: се зема малку ракија и директно се нанесува. Потоа со кружни движења со прстите се втрива течноста убаво во кожата да се впие, така што да се распредели по целата глава. Потоа главата треба да се наведне надолу и да се продолжи со масирањето уште неколку минути. Многу брзо ќе почувствувате како кожата е топла, а лесното чувство на пецкање значи дека ракијата почнала да делува.
Покрај тоа што ја поттикнува циркулацијата, ракијата е моќно средство и за чистење на кожата. Имено, поради секојдневното користење на хемиски средства, балзами, креми, пени, лакови, серуми и што ли уште не, кожата на главата многу трпи. Се што ќе ставиме на косата се задржува и по неколку нејзини миења, поради што доаѓа до заситување и затворање на порите. Ова може да делува негативно на растот на косата и на нејзиниот квалитет, а неретко доаѓа и до засилено опаѓање. Затоа одвреме – навреме и треба нешто што целосно ќе ја исчисти кожата од се што се насобрало на неа – а ракијата е најевтиното и најздравото решение. По нанесувањето на ракијата, косата се замотува во алуминиумска фолија, а преку неа се става капа. Така се отспива. Следниот ден се мие косата два пати со шампон и воопшто не се чувствува мирисот. А првите резултати се видливи веќе по два месеца.
При нанесување на ракија врз косата следете ги овие правила:
1. Ракијата се нанесува само на темето
Никако не смее да се нанесува на краевите. На овој начин може да се лекува и перут. Доколку сте подготвени секој месец да ненесувате опасни хемикалии во облик на бои за коса и бланшеви, една чаша ракија сигурно нема да ви наштети.
2. Секогаш комбинирајте ја ракијата со масло
Маслиново, кокосово, масло од семки од грозје… Може да се употреби дури и сончогледово, доколку ги немате дома овие масла. Ова ќе ја хидрира кожата на главата, а нема да го поништи дејството на ракијата врз циркулацијата. Потоа маслото распределете го и по должината на косата, затоа што на тие делови секогаш им е потребна хидратација.
3. Еднаш до два пати неделно
Овој домашен третман не треба да се практикува почесто од два пати неделно, за да не се оптовари премногу кожата на главата.
Третманот со ракија е наменет за сите оние кои сакаат да го поттикнат растот на косата, без разлика на тоа дали се работи за засилено паѓање на косата или за премногу слаба коса. Но, НИКАКО не смее да се става ракија на кожата на главата доколку се има псоријаза или било каков друг сериозен кожен проблем. Потребна е консултација со дерматовенеролог. Ова важи и за „волшебното“ маслиново масло.