Зошто бабите и дедовците спијат помалку?
Се смета дека разликата во времето кога некои луѓе одат во кревет и кога се други будат може да претставува причини кои биле утврдени уште од времето кога нашите предци спиеле во природа, изложени на секакви предатори и противнички групи на луѓе од моментот кога заоѓа сонцето.
Последното истражување, објавено во магазинот Proceedings of the Royals Society B, упатува на тоа дека оваа варијација во спиењето предизвикува секогаш да постои барем едно будно лице во време кога другите спијат.
Ова е познато како „хипотеза на чувар“, а се темели на тоа како другите друштвени животни секогаш имаат некој да ги чува додека остатокот од групата спие.
Додека поголемиот број на експерименти околу човечки причини за спиењето се спроведуваат во добро контролирани услови во лаборатории, научниците од Универзитетот во Торонто земале своја опрема и на терен и ги следеле начините на спиење на народот Хаџ во Танзанија, кои се уште живеат живот на ловци и собирачи.
Тимот ги следел навиките на спиење кај 33 членови на ова племе во текот на 20 дена.
Откриле дека во периодот од 200 часа сите членови на племето спиеле истовремено само 18 минути, што звучи навистина неверојатно.
Тимот пронашол и фасцинантна разлика меѓу навиките кај младите и постарите членови на ова племе. Се покажало дека младите почесто се „ноќни птици“, додека бабите и дедовците „утрински“.
„Научниците заклучиле дека една од причините зошто бабите и дедовците живеат толку после своите репродуктивни години е нивната функција околу грижата за внуците“, објаснил Дејвид Самсон, еден од авторите на истражувањето.
„Наша хипотеза е дека нивното рано будење и кратко е повеќе важна функција – постарите членови служат како чувари во онаа доба на денот кога сите други спијат. Затоа е важно да се има луѓе од сите возрасти“, заклучил тој.