Еве зошто не е добро да се прејадете!

163

Прејадувањето може да биде причина за брзо ширење на инфекции, покажуваат резултатите од едно истражување.

Научниците кои проучувале бактериски инфекции кај малите водни мушички откриле дека зголеменото количество на храна во нивната околина го забрзува ширењето на зараза.

Тие ја спровеле студијата со цел подобро да се разберат факторите кои влијаат врз пренесувањето на болести.

Истражувачите откриле дека мушичките кои се изложени на постојан извор на храна почесто пренесуваат болести, затоа што подолго можат да носат паразити и да им остават време да се размножат.

Тие истакнуваат дека се уште не е јасно дали изворот на храна е клучен за ширење зараза меѓу луѓето и животните, но укажуваат на таква можност.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.