Кој витамин е спас за шизофренија?
Резултатите на едно неодамнешно истражување покажаа дека вклучувањето на суплементот Б-комплекс (особено Б6, Б8 и Б12) во редовната терапија за пациентите болни од шизофренија, може значително да ги намали симптомите на оваа болест.
Британските научници ги проучувале ефектите на земањето витамини и минерали кај лица заболени од шизофренија.
Утврдено е дека на пациентите на кои покрај терапијата од антипсихотици е препишана и поголема доза на одредени Б-витамини или комбинација на повеќе витамини од Б-групата имале послабо изразени симптоми на болеста.
Научниците напоменуваат дека овој третман е уште поефикасен доколку се применува од самиот почеток на лечењето на шизофренијата.