Кои козметички производи се уште содржат алергени и токсини?

174

Експертите предупредуваат дека козметичките производи се уште често содржат алергени, токсични соединенија и соединенија што ја попречуваат функцијата на ендокриниот систем.

Особено треба да се обрне внимание на составот на производите за нега на бебињата и препаратите што не се мијат со вода.

Треба да ги избегнувате производите што содржат пропилпарабен, оти штетно делува на ендокриниот систем, како и производите што содржат метилизотиазолинон и метилхлороизотиазолинон, бидејќи овие состојки можат да предизвикаат сериозни алергиски реакции.

Дури и производите за нега на бебињата не се безопасни.

Во нивниот состав се уште може да се најде феноксиетанол, што токсично делува на црниот дроб.

На амбалажите на овие производи често стојат описите „без парабен“ или „хипоалергено“, но и покрај тоа содржат состојки што се проблематични.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.