Кои намирници се лоши за коските?

Преголемото конзумирање алкохол влијае на панкреасот и го спречува апсорбирањето на калциум и витаминот Д, освен тоа го зголемува производството на хормонот кортизола, кој е потенцијално деструктивен за коските.

2. Газирани пијалоци – Овој пат не се проблем меурчињата, туку количеството кофеин и фосфорна киселина кои се присутни во некои од освежителните пијалоци и кои доколку се конзумираат во поголемо количество можат да го спречат природното апсорбирање на калциум.

3. Сол – Грижата околу претераното конзумирање шеќер толку е зголемена, што понекогаш се заборава колку преку исхраната се внесува повеќе сол од потребното. Солта се крие речиси секаде, а влијае врз апсорбирањето калциум така што телото прави рамнотежа. Секој пат кога основната киселина во организмот се дестабилизира, нашето тело ќе настојува да го обнови количеството на калциум, кој секако го има најмногу во коските. Како резултат на тоа има појава на ослабнати коски.

4. Премногу протеини – Со зголемено внесување на намирници богати со протеини може да се наруши ph-вредноста во организмот, што влијае врз количеството на калциум. Затоа треба да се внимава да не се надминува дневната доза, која изнесува околу 45 грама протеини, кога станува збор за жените.

5. Кофеин – Доколку постои здрава и балансирана исхрана, тогаш не е штетно да се испие кафе со пријателите, но треба да се внимава на акумулирање на кофеин во организмот, кој на подолг период може да биде опасен за коските.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.