Цврстата храна ги чува забите кај децата!

206

Времето на растењето на заби кај децата е индивидувало. Најчесто првиот заб се појавува меѓу петиот и осмиот месеци од животот.

Но, и пред да се појават првите заби, можат да се појават проблеми поради неправилна исхрана. Затоа на родителите им се препорачува да посветат внимание на квалитетот на храната.

– За бебињата најдобра е природната храна, а најмладите мора да внесуваат и јагле хидрати и масти и протеини. Родителите често грешат со тоа што претеруваат со оброците. Тоа може да биде добро за развојот на бебињата, но не и за нивното орално здравје. Прекумерната конзумација на храна може да создаде циркуларен кариес и пред да израстат забите, посочуваат стоматолозите.

Тие препорачуваат и при растењето на забите родителите да не користат природни лекови туку само конвенционална терапија, средства со благ анеуретично дејство.

Одржувањето на хигиена е многу важно. Преку непцата треба да се става газа натопена со физиолошки раствор со што се отстрануваат наслагите од храна и се спречува да се појави кандида во устата.

Кога забите ќе израстат децата постепено треба да се навикнуваат на пастата.

Забите најчесто се пораснати до втората година. Кога ќе се појават децата не треба да јадат течна и термички обработена храна туку производи кои мора да се џвакаат. Тврдата храна ги турка остатоците од храна и не доаѓа до создавање на наслаги.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.