Што би се случило доколку не се изложуваме на сонце?
Се зголемува ризикот од срцеви заболувања
Кога не сме изложени на сончева светлина телото не ни произведува витамин D кој нè штити од проблеми со срцето. Сонцето исто така го регулира и крвниот притисок, па без него би се појавиле разни кардиоваскуларни проблеми.
Имаме полошо расположение
Сонцето е задолжено за создавање на хормонот серотонин кој прави да се чувствуваме позитивно. Иако постојат и други начини за да бидеме посреќни, редовната изложеност на сонце е најприроден начин да се чувствуваме поубаво.
Нервниот систем ослабува
Се смета дека ако не поминуваме доволно време на сонце додека сме деца, се зголемува ризикот од мултиплекс склероза, болест која го напаѓа централниот нервен систем, понатаму во животот.
Се намалува шансата за бебе кај жените
Без сончева светлина, во телото на жените има повеќе мелатонин – хормонот кој ја намалува плодноста, па во ваква состојба шансите да се забремени се минимални.
Недостатокот од сонце влијае и на нивото на тестостерон кај мажите.
Се загрозува здравјето на забите
Научно е потврдено дека кога не сме изложени на сонце, се зголемува ризикот од кариес и други проблеми со забите.