Дали знаете како бременоста влијае на очите?
Хормоналните промени, слабата циркулација, промените на метаболизмот и задржување на течностите во организмот придонесуваат до промена на диоптријата.
Промени кои може да настанат
Задржувањето на течности во организмот за време на бременоста, може да предизвика мало задебелување и искривување на рожницата. Иако е мала промената, сепак можно е очилата или контакните леќи веќе да не ви одговараат, односно видот со истите да не е добар како што бил претходно.
За време на бременоста, вообичаено е вашите очи да се суви и иритирани. Можно е бременоста да влијае и на веќе постоечки состојби на очите – на подобро или полошо. Ако имате дијабетес, многу е важно да правите проверка на вашите очи пред и за време на бременоста за да се следи состојбата на крвните садови во очите. Дијабетесот ја предизвикува дијабетната ретинопатија која најчесто се влошува во бременоста.
Ако пак имате глауком, можно е тој да се стабилизира па потребно е да се адаптира терапијата на новата состојба. Доколку имате глауком и планирате бременост, вашиот доктор може да го намали дејството на лекарствата на плодот со намалување на дозата или давање на друга соодветна терапија.
Најдобриот период за ласерска корекција на диоптрија
Препорачливо е да се почека 3 до 6 месеци откако ќе завршите со доењето. Ова е особено важно кај мајки кај кои има промена на диоптријата или кои почуствувале заматување на видот за време на бременоста, за на самиот преглед да може да се утврди точната диоптријата. Истото правило се однесува и кај мајки кои не дојат. Кај нив настанува промена во очниот притисок и физичката состојба на организмот. Воедно, на овој начин се миниманизираат шансите за дополнителни компликации како суво око, инфекции и изложеност на бебето на активните компоненти на силните лекарства како лекови против болка и антибиотици.
Промена на видот во текот на бременоста – симптом за друга состојба
Важно е да знаете дека во текот на бременоста промената на видот може да биде знак и за друга состојба во организмот, како висок крвен притисок или преекламсија.
Веднаш посетете го вашиот доктор ако ги имате следните симптоми:
-
Двоен вид
-
Заматен вид
-
Чувствителност на светло
-
Времено губење на видот
-
Оток околу очите
-
Црвенило или болка во очите