Дали смрзнатото овошје е здраво?

299

Иако најголем број од експертите препорачуваат свежо овошје и зеленчук како најдобар избор, две нови независни британски истражувања покажале дека замрзнатата храна е поздрава од свежата.
Така, во просек , замрзнатата брокула содржи повисоки нивоа на витамин Ц и лутеин, и четири пати повеќе бета-каротен од свежата. Замрзнати моркови имаат три пати повеќе лутеин и двојно бета каротен , и многу повеќе полифеноли од свежите.
Хранливиот состав во некои случаи е драстично различен па така замрзнатиот спанаќ има четири пати повеќе хранливи материи , влакна, фолна киселина, железо и калциум.
Генерално, две третини од овошјето и зеленчукот е поздраво да се јаде замрзнато со исклучок на лимон, карфиол и пченка. Причината е што тие се замрзнуваат веднаш по бербата , додека свежото овошје со месеци седи во супермаркетите испрскано со разни хемикалии за да го задржи свежиот изглед.
– Секогаш најдобра опција е да се јаде овошје или зеленчук веднаш по жетвата , но тоа е обично невозможно и за неколку дена по складирањето губи дел од хранливата вредност..

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.