Сменети 33 директори на клиники и болници, остануваат само кадрите на ДУИ!
Кадровска чистка во здравствените установи. Заменик министерот за здравство Гоце Чакаровски денеска изјави дека има смени на директори во 33 здравствени установи. Не кажа кои се наследниците на досегашните лекари кои раководеа со установите, бидејќи имало процес на нивно известување. Според неофицијалните информации, остануваат само директорите од ДУИ, односно, со Ургентен и понатаму ќе раководи Реџеп Селмани. Некои лекари веќе се пофалија дека станале директори, но официјална потврда за тоа се уште нема.