Луѓето кога се мамурни многу бавно реагираат!
Покрај тоа што предизвикува гадење и главоболки, поспаноста го забавува функционирањето на мозокот, покажала една британска студија. Тоа влијае на меморијата, когнитивната функција и расположението и не прави поглупи.
Продуктивноста на работната меморија паѓа од пет до 10 отсто, а бројот на грешки се зголемува речиси за 30 проценти. Покрај тоа, за време на мамурлак брзината на реакцијата е толку успорена така што 20-годишник реагира како 40-годишник.
Симптомите на мамурлак не се само физиолошка природа, тие влијаат и на расположението и когнитивните процеси кои можат да доведат до штетни последици за здравјето и животот воопшто, стои во истражувањето.