Утринскиот секс го подобрува здравјето!

Повеќе од 58 проценти од љубовните двојки применуваат сексуални активности во периодот од 23:00-01:00, но оние кои водат љубов имаат повеќе бенефиции, сметаат странски експерти. Според податоците од Кинси Институтот за истражување на пол, род и репродукција, паровите на возраст од 18 до 29 години во просек имаат секс 112 пати годишно, оние од 30 до 39 водат љубов 86 пати годишно, а во 40-тите години бројот е намален на 69 пати годишно.
Дали ноќниот секс е навика или инстинкт, утрото е многу подобар избор отколку вечерта, смета јужноафричкиот сексолог Глен Роуан. Вели дека утринскиот секс иницира интимност и емоционална поврзаност уште на почетокот на денот. Ставот на експертската јавност е дека утринскиот секс го подобрува расположението повеќе и од обилен појадок или филџан кафе. Тоа се должи на ослободување на хормонот серотонин по оргазмот, кој делува како антидепресив на мозокот.
Исто така утринскиот секс ја зголемува плодноста.
Честиот утрински секс го подобрува квалитетот на спермата и ја зголемува плодноста кај жените. Тоа го покажало истражувањето на клиниката за вештачко оплодување во Сиднеј. Според тоа со редовната утринска ејакулација квалитетот на спермата кај мажите се подобрува за околу 12 отсто, со што се зголемуваат шансите за успешно оплодување.
Оргазмот за време на утринскиот секс доведува до ослободување на хемикалии кои го зголемуваат нивото на естроген во телото. Доаѓа до подобрување на циркулацијата и намалување на нивото на тестостерон, што се рефлектира со чистење на тенот и зајакнување на косата. Научниците велат – утринскиот секс навистина им дава посебен сјај на луѓето. Сексот наутро го намалува и ризикот од срцеви заболувања. Утрински секс неколку пати неделно го штити здравјето на срцето, особено кај мажите. До овој податок, пак, дошле по 10 годишното истражување на Универзитетот Белфаст. Констатирале дека утринскиот секс го намалува нивото на хормонот на стрес кортизол, кој го зголемува ризикот од срцев удар или стеснување на крвните садови.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.