Зошто е добро да јадете лубеница?

348

Свежа лубеница или сок е најдобро решение за болни мускули, тврдат научници од шпанскиот Универзитет во Картагена. Тие откриле дека амино киселина L-цитрулин од лубеницата го забрзува процесот на отстранување на вишокот на млечна киселина од мускулите. Токму млечната киселина е одговорна за пецкањето и затегнувањето на мускулите по интензивно вежбање. Една студија на волонтери кои еден час пред тренингот пиеле непастеризиран сок од лубеница без додатоци на шеќер, потврдиле дека ова овошје многу помага по напорните тренинзи и затоа е популарно кај спортистите.
Исто така, научниците веруваат дека L-цитрулин е одговорен за побрзо заздравување на мускулите. Во 120 грама лубеница има 150 мг цитрулин, повеќе од било кое друго овошје.

Исто така докажано е дека лубеницата е одличен диуретик, ги стимулира бубрезите а исто така е важна и за здравјето на срцето поради големиот процент на витамините А, Ц и Б6. Таа исто така содржи магнезиум, кој помага за регулирање на крвниот притисок.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.