Шунката и колбасите го скратуваат животот!
Колбасите, шунката и другите преработки од месо го скратуваат животот.
Ова го покажува истражување спроведено во Европа во кое биле вклучени половина милион луѓе. Исхраната богата со месни производи е поврзана со кардиоваскуларни заболувања, појава на рак и предвремена смрт. Истражувачите чиј труд е објавен во британско списание за медицина, констатирале дека хемикалиите кои се користат за одржување на месото му штетат на здравјето. Британската фондација за болести на срце им препорачува на потрошувачите да ги намалат количините на месни производи. Студијата ги следела луѓето во 10 европски земји речиси 13 години. Според резултатите лужето кои многу јаделе месо биле пушачи, дебел и иимале и други нездрави навики. Но, според истражувачите, и покрај ризиците како пушењето и дебелината, секој 17-ти кој учестувувал во истражувањето починал. Оние кои јаделе повеќе од 160 грама преработено месо имале 44 проценти поголеми шанси да починат. Генерално,според обработката на резултатите, 10 000 луѓе починале од рак а 5.500 од срцеви проблеми. Професорка од Универзитетот во Цирих изјавила дека големата потрошувачка на месо, особено преработките од месо, се поврзани со нездрав начин на живот. Нејзината препорака е да не се јаде повеќе од 20 грама преработено месо дневно.