Како правилно и ефикасно да вежбате за убаво тело!
Многу почетници се збунети од недостатокот на информации за фитнесот. Доколку досега не сте се занимавале со оваа активност, немате никакви податоци за важните вежби и бројот на повторување на истите. Доколку ве интересираат одоговорите на овие прашања, истите ќе ги пронајдете во тексот што следи.
Кога е најдобро време за вежбање
Генерално, идеално време за тренинг е тешко да се одреди. Она што е важно е тоа секогаш да биде во исто време. Телото постепено се навикнува на тој режим, а дефинирањето на ритамот на вежбање го прави тренингот поефикасен, без разлика дали е наутро или навечер.
Оброк пред тренинг?
Можете да јадете полесен оброк најдоцна половина час пред вежбањето. Тоа му овозможува на вашето тело да го задржи соодветното ниво на шеќер во крвта, па така нема да чувствувате слабост или вртоглавица. Обемниот оброк препорачливо е да го јадете 2-3 часа пред тренингот.
Внесување на течности за време на тренингот?
Во текот на интензивното вежбање, нашето тело се поти. На овој начин губиме вода од организмот, а губењето на течност може да предизвика вртоглавица или умор.
Многу е важно да внесувате доволно вода за време на вежбањето.
Потребно ли е загревање?
Пред секој тренинг многу е важно добро да се загреете. Загревањето ги истегнува мускулите и така го подготвувате телото за физичка активност. 5-10 минути трчање или 1-2 минути растегнување се доволни.
Кои вежби се најефикасни?
Сложениот тренинг има најмногу ефекти во постигнување на топ форма. Комбинирајте вежби со тегови, со сопствена тежина, аеробични вежби и вежби за истегнување. Комбинацијата на овие вежби го истегнува телото, ги затегнува мускулите и го подобрува кардиоваскуларниот систем.
Како да го изгубам вишокот на килограми?
Идеално за вашето здравјте е да губите околу еден килограм неделно. Може да се случи да изгубите и повеќе килограми на самиот почеток. Но во секој случај, доколку продолжите да губите повеќе од еден килограм неделно, нема да ги изгубите само маснотиите, туку и мускулите кои се неопходни за трошење на енергија.
Дали да го задржувам здивот за време на вежбањето?
Многу е важно да дишете правилно за време на вежбањето. Правилното дишење ги исполнува мускулите со кислород кој е незаменлив за ефектен тренинг. Многу е важно да вежбате во проветрена просторија.
Дали е паметно да вежбам ако чувстувам болка?
Болката е знак со кој телото ве известува дека претрпело некој вид на повреда. Игнорирањето на болката може да доведе со сериозни повреди како на пример истегнување на лигаментите. Доколку имате сериозни болки во мускулите, направете пауза меѓу тренинзите.
Со кои видови на тренинг најмала е можноста за повреда?
Направете 1 до 2 дена пауза меѓу тренинзите, за да им дадете простор на мускулите да се регенерираат.
Совет: Немојте да ја зголемувате тежината при вежбањето за повеќе од 10 % неделно.