Безглутенската храна го зголемува ризикот од дебелеење!?

Безглутенската храна не треба да се смета за здрава замена на обичната храна, бидејќи таа содржи многу повеќе масти и шеќери, како и многу помалку протеини, предупредуваат експертите.

Експерти од Европското здружение за педијатриска гастроентерологија, хепатологија и исхрана повикуваат на промени во безглутенските производи за да бидат тие толку квалитетни како храната, кои ја заменуваат. Предупредувањето за најниска хранлива вредност на безглутенската храна доаѓа по истражување на 654 производи од 25 брендови, споредени со слични храни кои содржат глутен. Истражувањето утврдило дека безглутенската храна има значително повисоки нивоа на масти и се со понизок хранлив состав во споредба со обичните производи, пишува англиски Телеграф.

Исто така многу од храните кои содржат глутен, особено лебот, тестенините, пицата и брашното, имале до 3 пати повеќе протеини отколку нивните безглутенски алтернативи. Така на пример безглутенски леб има 2 пати повеќе масти и 2-3 пати помалку протеини од стандардниот леб.

Научниците предупредуваат дека дисбалансот е толку голем што може да има негативно влијание врз растот на децата и да го зголеми ризикот од дебелеење.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.