Зошто мажите тешко се одлучуваат здраво да се хранат?

Додека децата од предучилишна возраст во просек јадат 12 видови на овошје и зеленчук неделно, мажите јадат само шест видови, открива студија на неколку британски компании. Со диететските навики мажите го загрозуваат нивното здравје, но исто така се и лош пример за децата, пренесува Daily Mail.
Во просек, мажите трошат само 1,2 порции овошје и зеленчук дневно, додека препорака на лекарите е пет порции дневно. Жените признаат дека им било многу полесно да ги натераат децата на здрава храна од своите партнери, а 48 проценти од нив откриваат дека во подготовка на јадењето употребуваат трикови за камуфлирање на зеленчукот. Повеќето методи вклучуваат подготовка на зеленчукот со сирење или крем, мешање на овошје со пијалак, или едноставно лажење за прехранбените состојки. Брокулата и зелјето е зеленчукот кои мажите одбиваат да го јадат.
– Факт е дека мажите повеќе јадат нездрава храна од жените, а нивните партнерки за здравствената заштита на партнерот често користат разни трикови и методи за повеќе да јадат овошје и зеленчук.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.