Кога детето има топлотен удар и како да му помогнете?

Кои се симптомите?

Лесно е да си помислите дека детето е едноставно исцрпено од долгото играње надвор, но има знаци што треба да ви укажат дека не се работи само за умор. Нормалните симптоми по престој на сонце се зголемено потење, црвенило на лицето, но детето и понатаму е разиграно и енергично. Нормално е срцето да му чука малку побрзо и потешко да дише, особено ако трчало. Не е чудно ако е жедно, а кожата му е топла.

Симптоми што треба да ве загрижат се: висока температура (некогаш и до 39 степени Целзиусови), ладна кожа покрај високата температура, црвена, сува и врела кожа, чувство на умор пропратено со збунетост, главоболка или вртоглавица, повраќање, забрзано и плитко дишење.

Што треба да направите?

Најважно е да дејствувате брзо и да го разладите детето пред да изгуби свест. Ако сте на отворено, седнете го под сенка, но најдобро е да го засолнете во затворена просторија и да го истуширате со млака кон ладна вода, а потоа разладувајте го со облоги. Ако има повеќе симптоми, викнете лекар. Не му давајте да пие вода ако не е потполно будно.

Како да спречите топлотен удар?

Водете сметка детето редовно да пие вода, да носи пријатна и лесна облека во која кожата може да дише. Одбегнувајте престој надвор во најжешкиот дел од денот, значи од 10 до 16 часот. Кога си игра надвор нека прави паузи под сенка и нека носи капче.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.