Дали знаете која облека предизвикува главоболка?

Главоболките често доаѓаат и си заминуваат без никакво објаснување, но сега научниците пронајдоа уште еден потенцијален причинител за нивната појава.

Најновите истражувања спроведени во Холандија и САД, открија дека главоболката може да биде поттикната и од облеката што ја имате на себе. Секако, не било која, туку онаа со пругаст дезен – и тоа со хоризонтални пруги, кои во екстремни случаи, може да предизвикаат дури и епилептичен напад или мигрена.

Се разбира, истото не се однесува само на облеката, туку и на сè она со што сте секојдневно опкружени:

Резултатите од нашето истражување укажуваат и на тоа дека при дизајнирањето на архитектонските градби, најпаметно би било да се избегнуваат оние типови на дезени што можат негативно да влијаат на активноста во мозокот и да предизвикаат непријатност, мигрена или напади“ објаснува д-р Дора Хермес од Унивезитетот Утрехт во Холандија.

Како дошле до сознание дека баш хоризонталните пруги се еден од „опасните“ дезени? Така што на учесниците во истражувањето им закачиле мали електроди на темето, мерејќи ја активноста на нивниот мозок додека гледале различни визуелни прикази. Токму овој популарен принт кај мнозинството учесници предизвикал барем мала непријатност.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.