Дали имате шанси за успех ако сте прво дете во семејството?

Првородените деца имаат 24 отсто поголеми шанси од второродените деца да се најдат на високи позиции кога е во прашање работниот успех, како директор или раководител, додека кај вторите деца тие шанси се поголеми во однос на третите, и изнесуваат 28 отсто.

Од друга страна, подоцна родените деца почесто се самовработени, покажа едно истражување кое го спроведе германскиот Институт за економски развој.

Истражувањето, исто така, покажа дека повозрасните момчиња се емотивно постабилни и подготвени да преземат одговорност од помладите деца, но дека на нивниот успех во кариерата влијаат и личните карактеристики (совесат, екстроверност, емоционална стабилност и отвореност).

Причините поради што тоа е така не се баш јасни, но научниците претпоставуваат дека одговорот би можел да се најде во родителството.

Првородените бебиња повеќе читаат книги и повеќе поминуваат време работејќи ги своите домашни задачи, помалку гледајќи телевизија. Родителите, со подоцна родените деца, помалку разговараат за домашни задачи и училишни обврски.

Истражувачите дополнија и дека резултатите покажаа дека родителите помалку внимание посветуваат на помладите деца.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.