Постојано сте со него, а не сте ни свесни дека е виновник за зголемување на крвниот притисок!
Научниците открија дека мобилните телефони носат здравствен ризик, за кој не се знаеше досега – високиот крвен притисок. Истражувањата покажале дека редовната употреба на мобилен телефон може значително да го зголеми крвниот притисок. Меѓународен тим лекари го измериле крвниот притисок на 94 лица 12 пати во интервали од една минута.
Учесниците, чија просечна возраст била 53 години, седеле во удобни фотелји и биле во можност да бидат смирени. За време на експериментот научниците им телефонирале на волонтерите минимум по три пати и сфатиле дека кога пациентот е на телефонот или го слуша ѕвонењето, крвниот притисок му скока од просек 121/77 на просек 129/82.
Таквиот пораст може да влијае исклучително стресно на срцето па дури и да доведе до кардиоваскуларни проблеми, предупредуваат лекарите. Научниците истакнуваат дека младите луѓе реагираат помалку на негативното влијание на телефонот.