Ако сте постари од 40, еве како да останете во форма!

Ова се неколку совети кои можат да ви помогнат да останете фит.

Обратете се кај вашиот доктор
Пред да почнете да вежбате, ако имате било какви здравствени проблеми прво обратете се кај вашиот доктор.

Откријте го вашето моментално фитнес ниво
Треба да ја процените вашата моментална мускулна сила, кондиција, кардиоваскуларна телесна композиција, пред да почнете да вежбате. Искусен тренер може да ви помогне околу овие работи.

Дефинирајте ги јасно своите цели
Потребно е да си поставите цел пред да почнете со вежбање. Дали сакате да изгубите 20 килограми, или да ставите плус килограми мускулна маса? Како и да е, јасно поставете си цел пред да почнете со вежбање.

Упорноста е важна
Бидете упорни и не се откажувајте

Истегнувајте се пред да почнете со вежбање, и обавезно истегнете се кога ќе завршите со вежбање
Потребно е да се загреете пред вежбање, бидејќи така го стимулирате протокот на крв до мускулите и ја зголемувате флексибилноста. Загревањето ќе ви помогне и ментално да се подготвите за тренингот. И никако не заборавајте оваа постапка да ја повторите кога ќе завршите со тренингот.

Земете доволно време за да се опоравите после тренингот
На телото и на организмот, потребно му е повеќе време за да се регенерира после 40-та година. Одморете се после тренинг, и дозволете му на вашето тело да се одмори.

Пронајдете активности кои се правилни и кои му одговараат на вашето тело
Правете вежби кои се вклопуваат во вашиот распоред и кои му одговараат на вашето тело. Подобрената физичка кондиција ќе ви помогне да го подобрите вашето физичко здравје во целост, да го смалите ризикот од болести и стрес. Да се биде физички активен значи да се има силни мускули кои ќе ги поддржуваат зглобовите и ќе ги смалат болките поврзани со артритис.

Околу 60% од луѓето кои се над 40 години, не се физички актвини. Овие податоци се во пораст, како и луѓето кои патат од болести предизвикани од стрес-зголемен холестерол, мозочни удари, зголемен крвен притисок и дијабетис.

Но ако имате над 40 години тоа не значи дека треба да прекинете со физичка активност. Исполнете го секој ден со различни физички активности и ќе се чувствувате помлади и ќе изгледате подобро.

 

Текстот е преземен од hybread.mk

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.