Колку лица починале лани во Македонија?

Според објавените податоци поголем број се од машки пол и тоа 10.746 или 52,6 отсто од вкупно умрените лица. Бројот на умрените доенчиња изнесува 273 и нивното учество во вкупниот број умрени лица изнесува 1,3 на 100 умрени лица.

Просечната возраст кај умрените лица од машки пол изнесува 70,3 години, односно 74,7 години кај лицата од женски пол, или за 4,3 години повисока просечна возраст се бележи кај жените.

Според месецот на смртта, најголем број случаи 2.022 се регистрирани во декември.

Како и во минатите години, најголемо учество имаат умрените лица од болести на циркулаторниот систем  53,5 отсто од вкупно умрените, потоа се јавуваат неоплазмите со 1 процент, случаите кај кои причина за смрт се ендокрините, нутритивните и метаболичните болести се застапени со 5,5 отсто, а случаите кај кои причина за смрт се болестите на респираторниот систем се застапени со 4,1 отсто од вкупно умрените лица.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.