Дали е безбедно готвењето и подгревањето храна во микробранова печка?

Дали готвењето и подгревањето храна во микробранова печка е бзбедно? Научници од Харвард тврдат дека е, но не е се толку едноставно.

Имено, иако брановите енергија со кои храната се грее или готви не се опасни самите по себе, некоја храна е подобро да ја зготвите во микробранова печка, а некоја ќе задржи повеќе хранливи состојки со готвење на друг начин.

За готвење во микробранова печка посебно е погодна онаа храна која ќе задржи повеќе хранливи материи ако се готви за пократко време и со што помалку течности.

Пример, зеленчукот кој содржи многу витамин Ц е подобро да се готви во микробранова печка бидејќи готвењето во неа е кратко и така ќе се задржи поголема количина од витамините отколку кога би се варел во вода.

Иста е ситуацијата и со другите хранливи материи кои се уништуваат во вода.

Научниците според тоа заклучуваат дека не само што не треба да се плашите храната да ја готвите во микробранива печка, туку и во одредени случаи таа е подобар избор.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.