За што зажалуваат партнерите по неверството?

1. Не сфатиле што имале

Овие луѓе секогаш ги ставаат своите потреби на прво место. За нив не е проблем да запостават сè за нешто што го сакаат. Без разлика во каква врска се, тие многу често си одбираат нова „мета“ и се обидуваат да ја фатат.

2. Имаат чувство дека мора да бидат неверни или посакувани

Зад нивната егоцентрична „фасада“ се крие огромна несигурност. Тие го користат заведувањето со цел да го добијат потребното признание. Тие имаат недостаток на самодоверба кога не се вклучени во „игра“ на заведување. И овие луѓе се вљубуваат, но тие имаат потреба да знаат дека се неодоливи.

3. Не го признаваат неверството

Една од најпознатите особини кај луѓето кои изневеруваат е тоа што мислат дека можат да контролираат сè. Тие мислат дека можат да го скријат неверството и дека никој нема да дознае.

4. Она што го направиле ќе им ја скрати слободата

Луѓето кои изневеруваат ја сакаат слободата, а неверството за нив е начин на нејзино користење. Сепак , кога едниот партнер е неверен, другиот сигурно нема да му ја дава истата слобода или доверба.

5. Болката што ја предизвикале

Шансите за среќен живот после некоја афера се значително мали, но возможни. Статистиката покажала дека само 31% од браковите не се растуриле после откривање на неверството. Луѓето кои се неверни зажалуваат за болката што им ја нанеле на нивните партнери. Дури и ако парот реши да остане заедно, многу е тешко врската да биде како порано и да се врати довербата.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.