Девет совети како да изгледате поинтелегентно

 

Следете ги дневните новости

Никогаш не го поставувајте прашањето „Каков терористички напад?”, при услови кога тоа е главна вест и тема на разговор. Никој не очекува секој ден да ги читате сите весници, но барем информирајте се за основните новости.

Зборувајте правилно

Трудете се зборовите и речениците да ги изговарате правилно, без јазични грешки. На пример, речете – „Човекот, когошто го видов”, а не „Човекот, којшто го видов”, потоа – „петтемина”, а не „петмината”…

Бидете организирани

Организирајте ги фајловите, документите, папките… Неуредните луѓе изгледаат несериозно.

Пред средба или интервју со некого, потрудете се да се подготвите, да научите нешто повеќе за тој човек и слични подробности. Тоа ќе му поласка, а Вие во неговите очи ќе изгледате пософистицирано.

Поправајте ги своите грешки и учете од нив

Кога пишувате, на пример, може да користите програма којашто ги коригира граматичките грешки. Изгледа много грдо да испратите писмо полно со лапсуси.

Облечете се добро

Според многубројни истражувања, луѓето коишто се сметаат за попривлечни, изгледаат и поинтелигентни. Тоа е феноменот наречен „ефект на ореолот”. Добро облечениот и спастрен човек може да создаде првичен впечаток на интелигентен човек.

Секако, не само облеката го прави човекот…

Поставувајте одмерени, логични и обмислени прашања

Вие сте на вечера со брачниот партнер и негови колеги. Човекот со кого разговарате е невролог, а Вие сте учител. Не се преправајте дека сте запознат со најновите откритија во врска со амигдалата, на пример.

Едноставно, слушате и прашувате. Нема ништо лошо во тоа да не знаете, и е добро доколку поставувате интелигентни прашања.

Артикулирајте

Луѓето кои говорат јасно и одмерено, се сметаат за посамоуверени од останатите. Правилниот, прецизен и течен говор исто така, Ве прави поинтелигентен.

Говорот на телото

Говорот на телото има огромна улога во тоа како општиме со другите. Исправен став, на пример, оддава впечаток на компетенција и интелигенција, додека пак, подгрбавеното тело и одење кажува дека сте мрзливец.

Бидете самоуверени

Проучувањата покажуваат дека луѓето кои настапуваат со голема самодоверба, макар таа да е и лажна и одглумена, другите ги гледаат како поинтелигентни.

Ако верувате во себе, и останатите ќе ви веруваат.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.