Дали и вештачките засладувачи можат да ги оштетат забите?

Вештачките засладувачи во колачите и пијалоците ќе ви помогнат да останете витки, но тие намирници и пијалоци не се добри за здравјето на забите, тврдат австралиски научници.

Добра страна на колачите и пијалаците со вештачки засладувачи е тоа што со нивно конзумирање во организмот не се внесува непотребен и штетен вишок на шеќери, а лоша е дека спротивно на претпоставките, можат да ги оштетат забите и нивниот сјај, вели др. Ерик Рејнолдс, директор на истражувањето за нивното влијание на здравјето на забите. Тој предупредува и дека не можеме целосно да веруваме на декларациите на етикетите со податоци за прехранбените вредности на намирниците и пијалоците.

Студијата која Рејнолдс ја спроведе со колегите од Центарот за истражување на оралното здравје во Универзитетот во Мелбурн, тестирајќи разни безалкохолни пијалоци, енергетски напитоци наменети за спортистите и колачи со вештачки засладувачи, покажало дека и нивната конзумација може да ги оштети забите.

Вештачките засладувачи општо ја намалуваат опасноста од настанок на кариес, но и производите без природни засладувачи штетат на забите поради висока количина на киселини кои го нагризуваат површинскиот слој на забите и во потешки ситуации доведуваат до омекнување на забот и забната пулпа.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.