После 1 мај десетина граѓани каснати од крлежи завршиле во болница

После продолжениот викенд за први мај десетина граѓани каснати крежи побарале лекарска помош во скопските болници и клиники. Засега сите пациенти биле амбулантски третирани и никој нема компликации од убодот.Топлото време ги наезди крлежите. Минатиот месец пак на Инфективната клиника третирале вкупно 40 случаи со крлежи, а тројца граѓани ги каснала змија. Сите се надвор од животна опасност. Дерматолозите предупредуваат на внимателност бидејќи паразитите се вгнездуваат на чуствителни и тешко видливи места на телото.

– Убодот може да биде безболен, но можат да се јават и алергиски реакции, вели -др. Дејан Филиповиќ, дерматовенеролог во поликлиника Бит Пазар

Според лекарите, граѓаните не треба во домашни услови да прават импровизации со вадење на крлежот. Доколку остане дел во телото, подоцна може да дојде до инфекција и сериозни заболувања како што е лајмската болест.

– Досега се задржи подолго време може да дојде до инфекции, вели Филиповиќ.

Како превентивна мерка, лекарите советуваат при одење во паркови или шума да се носи долга и светла облека а по враќање дома задолжително да направат проверка на телото.

– Токму тревата е идеално место за крлежите. Затоа внимавајте кога ќе шетате во природа.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.