Дебелите лица почесто патат од мигрена

Дебелината предизвикува мигрена, сметаат лекарите и тоа го поддржуваат со податоците дека луѓето со вишок килограми почесто имаат ужасни главоболки.

Едно од седум возрасни лица има мигрена и за неа нема доволно добар лек, наведува магазинот „Неуролоџи”.

Научниците во неодамнешно истражување пронашле интересна врска која може да помогне во подобро разбирање на овој вид главоболка.

Анализата на резултатите од истражувањето спроведено на примерок од 300.000 испитаници, покажува дека дебелите луѓе со индекс на телесна маса поголем од 30, имаат 27 отсто поголеми шанси да добијат мигрена од лицата со нормална тежина.

Можно е масното ткиво, кое лачи широк спектар на хемикалии во организмот, да има улога во појавата на мигрена.

Дебелината е поврзана со засилени воспаленија, што може да придонесе до појава на болка.

Се уште не е јасно дали слабеењето и враќањето на нормална килажа може да ја олесни мигрената.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.