Во јуни почнува изградбата на новиот Клинички центар, најголем објект во македонското здравство

528
Успешно е спроведена тендерска постапка за изградба на Клиничкиот центар, во рамки на законски предвидените рокови и во постојана координација со Банката на Советот на Европа, изјави  министерот за здравство Никола Тодоров. Oбјави дека новиот Клинички центар во Скопје ќе го градат двете најголеми македонски градежни компании – ГРАНИТ и БЕТОН, во соработка со италијанска компанија (станува збор за реномираната италијанска компанија ИНСО системи, со долгогодишно искуство во оваа дејност).
-Оваа понуда е избрана како најприфатлива за доделување на договорот за изведба, а истовремено ги исполнува сите услови кои се предвидени за изградба на вакви комплексни објекти. Изборот е направен врз основа на добивање на одобрување од страна на Банката на Советот на Европа на доставениот извештај за евалуација на понудите од страна на комисијата.
Инаку, уште еднаш сакам да потенцирам дека Комисијата ја водеше постапката во согласност со процедурите на Банката, и во постојана координација со кредиторот, и за секој чекор и одлука добиваше одобрение од стручен тим на Банката за развој при Советот на Европа, изјави Тодоров.
Вредноста на понудата изнесува 4.441.431.604,35 денари или околу 72 милиони евра (ова е вредност на понудата по корекција на аритметички грешки, а вредноста на договорот како прифатлива и во рамките на достапниот/ предвиден буџет е оценета и од банката).
Потпишувањето на договорот се реализира по доставување валидна банкарска гаранција од страна на понудувачот за квалитет на изведбата во вредност од 10% од понудата и по комплетно завршување на административните процедури (отварање на подружница, верификација на овластувањата на странските инженери,…).
Тодоров информира дека почетокот на изведбата се очекува да биде во тек на јуни 2017, а изведувачот ќе работи во фази со цел да се овозможи непречено функционирање на Клиничкиот центар во текот на градбата.
Прво ќе бидат обезбедени времени пристапни патишта во рамки на Клиничкиот центар, што треба да завршат во првите 6 недели од воведувањето во работа на изведувачот.
Паралелно со изведбата на времените пристапни патишта на амбулантите. Клиниките за неврологија, кожна и очна клиника треба да се транферираат во простор каде ќе ги обавуваат своите функции додека трае градбата.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.