Ако ве боли заб а не можете да отидете на заболекар, пробајте го ова

Доколку почувствувате забоболка, а во моментот не сте во можност да посетите заболекар, тогаш пробајте го овој природен лек.

Веднаш кога ќе почувствувате болка во забот или непцата, ставете каранфилче на болното место и цврсто загризете. Држете така 15 минути до половина час. Болката постепено ќе се намалува, а по извесно време и сосема ќе исчезне.

Кога забоболката е посилна, употребете масло од каранфилче (може да се набави во билни аптеки) кое делува како анестетик. Веднаш по ставањето на каранфилче на болното место, пожелно е да втриете и малку масло од каранфилче. Болката ќе се ублажи за многу брзо време. Освен како анестетик, маслото од каранфилче има антивоспалително дејство, а добро е и за свеж здив.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.