Млекото и шеќерот во кафето му штетат на вашето здравје!

Двојно повеќе луѓе кои пијат кафе ставаат млеко или крем преполни со маснотии и нездрави шеќери отколку оние што пијат чај.

Ова значи дека првите внесуваат во просек 70 нездрави калории повеќе на ден.

Внесувањето на овие шеќери предизвикува желба за нездрава храна, па така целовкупниот начин на исхрана на луѓето кои пијат кафе со млеко и шеќер е многу полош.

Ова на крај резултира со драстично опаѓање на енергијата и повторна потреба за шеќери и лоша храна, што доведува до бесконечен круг од кој тешко се излегува, открија истражувачите од универзитетите во Илиноис и Калифорнија во соработка со Институтот за Јавно Здравје.

Затоа, следниот пат размислете за опцијата шолја топол чај и природен мед.

Коментари

коментари

Напиши одговор

Вашата email адреса нема да биде објавена.